Добредојдовте

на официјалната веб-страница

САША МИЛИВОЈЕВ
ساشا ميليفويف

Саша Миливојев е познат српски писател, поет, новинар - колумнист и политички аналитичар. Еден е од најчитаните колумнисти во Србија 2008. и 2009. Фанови на неговите песни има ширум низ целиот свет. Во Саудиска Арабија новинари пишуваат за неговата љубов кон Господ, во египетските дневни весници Саша Миливојев се споменува како Поет на мистичниот лет и медитација.

اللغة العربية
Srpski
English
Deutsch

Français

Türkçe
Македонски
Magyar

Afrikaans

Română

Polski

Català

Frysk

Latviešu

Lietuvių

Eesti

Suomi

Tagalog

Nederlands

Swahili

Luganda

हिन्दी
日本語
Macedonia flag

Saša Milivojev Blogger

SAŠA MILIVOJEV

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  САША МИЛИВОЈЕВ - Добредојдовте на официјалната веб-страница
  САША МИЛИВОЈЕВ - Добредојдовте на официјалната веб-страница
中文

فارسی

Italiano

Українська

Беларуская

Español

Български

Svenska

Português

Русский

Azərbaycanca

Slovenčina

Čeština

Slovenščina

 

 

አማርኛ

 

Македонски - Биографија

Саша Миливојев е познат српски писател, поет, новинар - колумнист и политички аналитичар. Роден е 1986. година Саша Миливојевво Зрењанин (СФРЈ, Србија), каде завршува музичка гимназија. Пеел во ораториум Крал Давид Артур Хонегер, во Арадска филхармонија (Романија). После завршувањето на музичката гимназија својата цел ја насочува кон Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, каде е апсолвент на отсекот за проучување на српската книжевност и јазик. Автор е на четири збирки песни„Тајната зад воздишката“ (Тајна иза уздаха, Народна книга, Белград, 2006), „Прв пат“ (Први пут, Културно - пеосветна заедница, Крушевац, 2008), „Кога светулката ќе одлета“ (Кад свитац одлети, на српски, англиски и арапски јазик, Филип Вишниќ, Белград, 2010), „Лубовен рецеПат“ (Љубавни рецепат, Kултурно-просветна заедница, Крушевац, 2010) и шокантниот роман „Момчето од жолтата куќа“ (Дечак из Жуте куће, Авторско издание, Белград, 2011). Добитник е на бројни награди и сместен во неколку значајни антолигии на песни Панонски галеб XIXРудничка врела XIXГарави сокак XIX...

Еден од авторите на книгата Завештања 2012 која ја издава Здружението на српски писатели од Швајцарија.

Од 2008. година како колумнист пишува за Пoлитика, во рубриката Погледи, како и за ТВ Ревија за истата куќа.

Од 2009. година пишува колумни за Правда, каде се бави со аналитички - синтетичко проучување на блиската и актуелна историја на Србија. Окупиран со теми за војничките злочини, покрај бројни пофалби политичките неистомисленици без аргументи и докази повеќе пати го напаѓале дека манипулира со читателите и шири говор на омраза.

2009. година текстовите му се печатени во тираж од околу три милиони примероци во различни дневни весници, публикации... Еден е од најчитаните колумнисти во Србија 2008. и 2009. година и жртва на разни политички манипулации. Од сенка делувал на важни одлуки од политичкиот врв. Политичарите и службите за известување му ги крадат идеите преку СМС. Саша Mиливојев на пример е творец на идејата за Политички штрајк и професионални соборувач на рејтингот. Се бави со политика драматургија како во книжевноста така и во реалноста.

На белградската публика двапати и ги претставува своите поетски остварувања, во Етнографскиот музеј во соработка со истакнати уметници како што сеИсидора Бјелица, Ивана Жигон, Јелена Жигон, Далиборка Стојшиќ, Ева Рас, Данијел Павловиќ, Жижа Стојановиќ, Злата Нуманагиќ, Бранка Веселиновиќ... За неговата поезија зборувале и прочуени глумци Светлата Бојковиќ, Ружица Сокиќ, Даница Аќимац, Снежана Савиќ, Сузана Манчиќ и други. Оља Ивањицки и режисерите Здравко Шотра и Марко Новаковиќ со своја соработка исто така го подржуваат младиот автор.

Фанови на неговите песни има ширум низ целиот свет. Книгата When the Firefly is Gone во мај 2010 година ја претставува на читателската публика во Каиро, каде што присуствува на разни книжевни собирања, каде што за него говорат познатите писателиСоха Заки и Алаа Ал Асвани (еден од најпознатите писатели во светот, основач на опозицискиот политички потег Кифаја).

Во Саудиска Арабија новинари пишуваат за неговата љубов кон Господ, во египетските дневни весници Саша Миливојев се споменува како Поет на мистичниот лет и медитација. ТВ Ревија Шашати ексклузивно ја објавува неговата песна Разговор со Алаха Акхбар делот во милион примероци.

Студиски снимил четири песни, четири синглови, во соработка со хеви-метал групата Алогија, пеел свои песни.

Миливојев е и патописец, соработник во VIP TRIP Diplomatic магазинот на Исидора Бјелица, од самото постоење. Пишувал за Египет, Ирак, Мароко, Словенија... Објавува колумни и на официјалниот сајт sasamilivojev.com , како и на сајтот kakonarodkaze.com

Иако е испечатен само во 200 примероци и тоа на трошок на студентот по книжевност романот Момчето од жолтата куќа е глобална вест во 2012. година шокирајќи ги читателите и дипломатските кругови ширум светот. Тимур Блохин и Јован Вукотиќ се најзначајните новинари кои се споменуваат во биографијата на Саша Миливојев, бидејќи со нивна соработка постигнува светски медиумски успехинтервјуто кое е дадено за Гласот на Русија е објавено од медиуми на англиски, португалски, шпански, арапски, германски, полски, руски, француски, српски, италијански и албански јазик, во бразилски вести, во Сомалија, на насловна страна за весникот Торонто потоа во угледни медиуми како што се: The Oslo Times, украински Телеграф, Armenia Today, Радио Телевизија во Република Српска, Barometar (Киргистан), Bota Sot (Албанија), Глас Српске, Rajoni Press (Албанска информативна агенција), украинска Фраза, Правда и Блиц (Србија), Срна (Информативна агенција Република Српска), Lajme Shqip (Албанија), Лепота и Здравље (Србија), Press Online (БиХ), News Meeting (Турција), Franco da Rocca News... Интервју е објавено на повеќе стотици интернет портали и весници ширум светот, па е стигнато и до Ватикан по што и папата Бенедикт XVI се обраќа на светската јавност по повод трговијата со човечки органи.

Саша Миливојев има големи проблеми со дискриминацијата во медиумите во Србија но неспорно е дека остава неизбришлива трага, неговото име, неговите фотографии и наслови се појавуваат во вкрстени зборови...

 

 

Саша Миливојев - МОМЧЕТО ОД ЖОЛТАТА КУЌА

.

Превод српски - македонски: Стевчо Спиркоски

 

Саша Миливојев - Тајната зад воздишката

 

Тајната зад воздишката

Саша Миливојев - Кога светулката ќе одлета

 

Кога светулката ќе одлета

Момчето од жолтата куќа

Саша Миливојев - Момчето од жолтата куќа

 

 

 

 

www.sasamilivojev.com

 Copyright © by Saša Milivojev, 2022 - All Rights Reserved